Италијанскиот град Венеција од 7 до 10 декември ќе биде домаќин на турнир од Светската младинска карате лига на којшто ќе учествуваат членови на тимот на „Макпетрол“, информираат од таму.
На последниот собир годинава од ова реномирано меѓународно натпреварување од најтрофејниот македонски карате клуб ќе учествуваат Витомир Трајковски (-84 кг.), Данило Божовиќ (+84 кг), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Димитар Лозановски (-67 кг.) и Јована Мицовска (-61 кг.).
Сите натпреварувачи ќе настапат во највозрасната младинска категорија, помлади сениори (У21), во дисциплината борби. Конкуренцијата е досега најбројна – пријавени се 4.133 спортисти од 81. држава.
Тимот на „Макпетрол“ ќе го предводи тренерот Петар Заборски.
– Во тимот се двајца најдобри млади спортисти на Македонија, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ и очекуваме тие да имаат добар и забележителен настап.
Се надеваме на добро преставување и подобрување на ранг-листата за нашите спортисти од учеството на овој турнир, кој е последен од серијата турнири за Светската младинска лига, велат од карате клубот „Макпетрол“.