еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Утре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Утре, среда (1. мај) поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници.

Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од среда  Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

“Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември,” се вели во соопштението на ЈСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што следи по паѓањето на владата на Петков, која е процедурата

Редакција

Цела програма: Утре почнува седмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје

Редакција

Казината ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата

Редакција