еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Утре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека утре по повод Први мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

„Жичницата ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Истовремено, ве информираме дека од утре, четврток (01.05.2025 год.), Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крвав крај на тепачка меѓу двајца во Скопје, нападнати и полицајци

Редакција

Продолжен притворот и обвинение за седум лица за насилствата на протестот за пресудата за „Монструм“

Редакција

Архиепископот Стефан од Белград: Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија

Редакција