Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека времето денеска попладне ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени.
Во Скопје попладне се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за невреме.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Фото: Игор Бансколиев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.