Филип Морис Интернешнал (ФМИ) објави ислучителни финансиски резултати за 2024 година, демонстрирајќи ја успешната трансформација на компанијата кон бизнис заснован на производи без чад. Со значителен раст во оваа категорија, ФМИ продолжува да ја засилува својата позиција како глобален лидер во иновативните никотински производи, информираат од таму.
Обемот на продажба на производи без чад во минатата година порасна за 12,6% на годишно ниво, а во второто полугодие достигна раст од 14%. Вкупните испораки на производи без чад за првпат надминаа 40 милијарди единици во еден квартал, посочуваат од таму.
„2024 беше извонредна година за ФМИ. Остваривме силни резултати благодарение на континуираниот раст на IQOS и ZYN. Со овластувањето за тврдењата за намалена штетност на сите ZYN никотински ќесички од Агенцијата за храна и лекови во САД, добивме дополнителна потврда за научната основа на нашите производи без чад”, изјави Јацек Олчак, извршен директор на ФМИ.
Во текот на 2024 година компанијата го прошири портфолиото на своите производи без чад во речиси половина од 95-те пазари каде тие се присутни, достигнувајќи 38,5 милиони возрасни корисници на потрфолиота производи без чад. Притоа IQOS го зајакна своето второ место меѓу брендовите на никотински производи во пазарите каде што е присутен.
Во Европа, продажбата на производи без чад забележа значителен раст од 9,4% на годишно ниво, со двоцифрен раст во Бугарија, Грција, Германија, Романија и Шпанија.
„Со силен моментум во сите категории, уверени сме дека нашата трансформација без чад и неспоредливото портфолио на брендови ќе продолжи да дава одлични перформанси и да создава вредност за нашите потрошувачи и акционери во 2025 година и на долг рок“, заклучи Олчак.
Филип Морис останува посветен на својата визија за свет без чад, фокусирајќи се на проширување на своето портфолио со иновативни производи кои се подобра алтернатива за возрасните пушачи и зајакнување на позицијата на пазарот, велат од таму.