еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев

Премиерот Зоран Заев вчера се сретна со претседателот на Беса, Билал Касами, за да побара подршка за финалното гласање на измените на Уставот, предвидени со Договорот од Преспа, со кои меѓудругото Македонија ќе стане Северна Македонија.

Како што е познато, за да поминат уставните измени, потребни се најмалку 80 гласа.

По средбата немаше повеќе детали, освен информацијата дека е договорено да се одржи уште еден состанок, најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, претставници од раководството и пратениците од Беса, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции, информираа од Владата.

Што бараат од Беса на Касами?

Од Беса на Касами со предлог уставни амандмани исто така бараат измени на македонскиот Устав и преамбулата.

Покрај официјализирање на албанскиот јазик како официјален на целата територија на Македонија, од Беса на Касами, бараат и зборот „македонско“ во делот за државјанството да се замени со зборот граѓани и наместо “македонско/граѓанин на Република Северна Македонија” да стои само „граѓанин на Република Северна Македонија“.

Фото: Фејсбук/Касами

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Македонскиот народ“ да се замени со „граѓани“: Што ќе бара Села од Заев

Предлог-амандманите поминаа на Комисија, Села и Беса бараа да се тргне „македонско“ од државјанството

Поднесени 7 амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје се одржа петтата Парада на гордоста

Редакција

Починаа тројца пациенти од корона вирусот, помеѓу кои и 46-годишна жена која долго била на механичка вентилација

Редакција

Безживотното тело на Ердон Рамадани, момчето кое со автомобил падна во Вардар, идентификувано од семејството

Редакција