еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесени 7 амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири

До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.

Зијадин Села и Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците имаат еден амандман на Предлогот на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани со кој бараат во членот 2 став 2 зборовите „македонско/граѓанин“ да се заменат со зборот „граѓанин“, а во образложението навеле дека тоа се бара за да се овозможи еднаквост во изразување на државјанството на сите граѓани на Република Македонија.

Пратениците на Беса Фадил Зендели и Теута Билали исто така бараат интервенција во истиот став на уставниот закон и но тие предлагаат овој став два да гласи „Од денот на влегување во сила на амандманот XXXIII, граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија“.

Амандман за истиот став од членот 2 на уставниот закон има поднесено и Мухамед Зекири од СДСМ. Овој пат неговото барање е допрецизрање на ставот со тоа што на крајот на реченицата да се додадат зборовите „што не ја определува ниту пак ја прејудицира етничката припадност на граѓаните“.

Сличен амандман на овој има поднесено и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие предлагаат во членот 2 став 2 по зборот „Македонија“ да се додадат збороите „со што не ја предодредува етничката припадност на граѓаните“. Амандманот го предлгаат, како што наведуваат во образложението, за да се постигне дистинкција меѓу државјанството и етничката припадност на сите граѓани на Република Македонија.

„Овој амандман докажува дека не сме и нема да бидеме северномакедонци, туку сме и ќе бидеме Македонци, како што и другите припадници се и ќе бидат Албанци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други“, пишува во облазложението потпишано од Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмајловска Старова, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова и Зекир Рамчиловиќ.

Вториот амандман на Села и Рашиди од Алијанса на Албанците се бара во уставниот закон за прогласување на амандмамните да се додаде член 1-а и предлагаат тој да гласи: „Државната граница на Република Македонија е нејзината постојна граница со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово“. Во образложението тие меѓудругото наведуваат вакво нешто е неопходно, бидејќи Република Македонија ја признала Република Косово.

Пратениците од Независната пратеничка група имаат поднесено амандман со кој бараат менување на членот 1 став 2 од уставниот закон и предлагаат тој да гласи: „ Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија не произведуваат правно дејство, не влегуваат во сила и се неважечки доколку веднаш не се исполнат условите утврдени во ставот 1 на овој член„. Амандманот го предлагаат со цел да се загарантира позицијата на Република Македонија во спроведувањето на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО“.

Исто така тие имаат и трет амандман со кој се предлага во член 1 став 2 од уставниот закон на крајот на реченицата се додаваат зборовите: „и Собранието на Република Македонија веднаш пристапува кон измена на Уставот на Република Македонија“. И ова се Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, го предлага, како што се наведува, со цел да се згарантира позицијата на Република Македонија во спроведување на Конечната спогодба.

Седницата на собраниската Комисија за уставни прашања почнува попладнево, додека пленарната седница се очекува да биде закажана од 9 јануари следната година. Ова е трета и последна фаза од уставните измени кои се правата согласно Договорот од Преспа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието изгласан ребалансот на буџетот

Редакција

Панчо Минов ќе гласа за уставните измени, за Елизабета Канческа Милевска не знам, вели Заев

Редакција

Мајка од Србија бара маж од Македонија со пет деца, кој и помогнал да си го најде детето кое се изгубило на шеталиште во Грција

Редакција