еМагазин
Image default
Локално

Кавадарчанец обвинет за обид за убиство и противправно лишување од слобода на своја пријателка

Триесет и седумгодишен кавадарчанец кој со нож во јуни годинава ја прободе својата пријателка е обвинет обид за убиство и противправно лишување од слобода.

– По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе обвинителен акт против 37-годишен жител на Кавадарци за сторено кривично дело – убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл.19 (во обид)  и кривично дело – противправно лишување од слобода од чл.140 ст.1 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

На обвинетиот му се става на товар дека на 6 јуни годинава најпрвин по телефон ја повикал оштетената да му се придружи на патувањето за Прилеп. Таа прифатила и обвинетиот ангажирал такси-возило, но со него наместо кон Прилеп се упатиле во правец на село Бегниште.

Кога дошле до крајот на селото, тој и рекол на оштетената да излезат од возилото и продолжиле да се движат пеш по блиските ниви. Во еден момент, обвинетиот извадил нож и со него ја прободел оштетената во стомакот од десната страна под градниот кош, нанесувајќи и со тоа тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот. Потоа си заминал оставајќи ја оштетената сама.

По неколку часа се вратил и со помош на лице – сведок во постапката ја однел во неговата куќа и таму ја оставил, иако оштетената имала болки и крварења и го молела да ја однесе на лекар. Со ваквите дејствија тој противправно и ја ограничил слободата на движење.

Пак се вратил и утредента, на 7 јуни, на инсистирање и молба од оштетената со такси ја однел до село Сопот, во близина на куќата на нејзините баба и дедо, ја исфрлил од такси возилото во бесвесна состојба и таму ја оставил.

Истовремено со обвинителниот акт доставен е Предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот, бидејќи се уште постојат основите поради кои истиот е определен. Имено, обвинетиот е пријател на оштетената и кривичното дело го сторил искористувајќи ја нејзината доверба и пријателство, што претставува околност која го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело.

Од Обвинителството посочуваат дека по извршувањето на кривичното дело, обвинетиот се криел во повеќе градови низ Македонија, честопати го менувал своето престојувалиште, што упатува на можност тој да се даде во бегство доколку биде на слобода.

Во рамки на истражната постапка, Обвинителството ја испитувало евентуалната кривична одговорност и на други инволвирани лица, но до овој момент не се пронајдени докази кои упатуваат во таа насока.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Скопје во новогодишна атмосфера

Редакција

Му се запалил автомобилот при стартување, опожарени уште две возила

Редакција

Целосно изгоре куќа во пожар во Куманово

Редакција