еМагазин
Image default
Македонија

Телата на тројцата загинати во сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија

Телата на тројцата починати Македонци од сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени  во Македонија, а 15-мина се уште се наоѓаат на лекување во Ниш и Лесковац, соопшти дописникот на МИА од Белград.

-По завршената обдукција во Лесковац, тројцата починати од сообраќајната несреќа, 68-годишната К.К од Кочани, 68-годишниот маж В.Ш.од крушевското село Бучин и 63-годишната В.К од Кавадарци денеска ќе бидат транспортирани за Македонија.

Дванаесете лесно повредени патници и двете деца, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“, во Лесковац, вчера организирано беа префлени во Македонија. Од болницата во Лесковац пуштен е на домашно лекување уште еден од повредените Македонци, така да во оваа болница се наоѓаат седум полесно повредени патници.

Осуммината потешко повредени Македонци се уште се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, од кои две патнички со тешки повреди на главата, на рбетниот столб и со фрактура на карлицата, се во сериозна здравстевна состојба и приклучени се на апаратите за дишење.

Сите останати се стабилизирани и не се животно загрозени.

Лекарите во овие болници ја следат сотојбата на повредените и како што ни изјавија по подобрување на здравствената состојба во договор со македонските задравствени институции, пациентите ќе бидат префрлени на лекување во Македонија.

Во болницата во Лесковац се наоѓа вториот возач на „автобусот на смртта“, кој е во стабилна здравствена состојба и има полесни повреди. Тој на дописникот на МИА изјави дека во моментот на сообраќајната несреќа во 01 часот и 45 минути спиел и не знае како дошло до трагичниот настан.

Од полицијата и од истражните служби на Србија, не информираа дека истрагата се уште е во тек и дека наскоро ќе излезат со целосни податоци. Возачот на автобусот, кој во Србија го нарекоа „автобус на смртта“, според српските закони, пред се, поради трите жртви, се наоѓа во притвор.

Патниците кои патуваа од повеќе градови во Македонија за Виена со превозникот Еуро Бус од струшкото село Велешта, беа претежно наши печалбари, а во моментот на несреќата сите спиеле.

Според сведоштвото на преживеаните до несреќата дошло поради лошите снежни услови, голомразицата и неприлогадената брзина на возачот на автобус од речиси 100 км. на час и можноста возачот да има заспиено зад воланот.

Автобусот ја изгубил контролата, излетал од автопатот, по што се превртел повеќе пати. Благодарејќи на навремената интервенција на осум возила на Итната медицинска помош од Ниш и Лесковац, на пожарникарите и случајни патници, кои испод автобусот ги извлекувале повредените, спречено е да дојде до поголема трагедија.

Голема и несебична помош била дадена и од градоначалниците на Лесковац и Ниш, од медицинските установи од овие градови во спасување и збринување на повредените.

МИА/Фото: Фејсбук/Еуро Бус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две патнички од превртениот автобус кај Лесковац се уште во животна опасност

Третата жртва од несреќата кај Лесковац е од Кавадарци, шоферот на автобусот во притвор

Патник за несреќата кај Лесковац: Автобусот се занесе, нешто ме удри во главата и сите патници почнавме да паѓаме еден врз друг

Видео од несреќата со македонскиот автобус кај Лесковац

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) ДИК на јавна седница ги презентира изборните резултати

Редакција

(ВИДЕО) Запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра: Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици

Редакција

Што ќе значи вонредната состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните

Редакција