Грчката полиција информираше дека осомничен за убиството на македонскиот државјанин Орхан Бајрами – Оки, кој беше убиен летово во Ханиоти на Халкидики во Грција е истото лице кое е осомничено за двете убиства во Шиша бар во Старата скопска чаршија во март лани, и е веќе во притвор во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ABC News Албанија објави дека станува збор за Гани Марку и објави негова фотографија.
Марку е во притвор во Шутка, а беше уапсен во август лани. Тој се сомничи дека учествувал во купопродажбата на автомобилот „Ауди“, со кое убијците дошле до Шиша бар, а потоа го запалиле.
Фокус објави дека тој го сменил презимето. Претходно се презивал Туша и се барал со меѓународна потерница. Според неделникот тој е повратник од боиштата во Сирија и бил припадник на групата Ал Нусра.
Грчките власти сега бараат негова екстрадиција во Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти
Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли