Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за минатогодишното убиство на Орхан Бајрам – Оки, еден од водачите на скопската криминална група „Дуќанџик“, кој беше убиен во Ханиоти, Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки во Ханиоти, осомничен е 33-годишен маж
Од Обвинителството информираа дека станува збор за 33-годишен маж, кој е веќе во затвор.
Станува збор за Гани Марку, член на друга скопска криминална група – „Барон“.
Тој беше уапсен лани во август.
Претходно се презивал Туша, а си го сменил презимето, бидејќи се бараше со меѓународна потерница.
Медиумите изминатиов период пишуваа и дека тој е повратник од боиштата во Сирија и бил припадник на групата Ал Нусра.
Тој се поврзува и со убиството во „Шиша бар“, во Скопје. Се сомничи дека учествувал во купопродажбата на автомобилот „Ауди“, со кое убијците дошле до “Шиша бар“, а потоа го запалиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиен таткото на Гани Туша, осомничениот за убиството на Орхан Бајрами – Оки
Пред неколку месеци, во близина на Блаце беше убиен Зељкиф Туша, таткото на Гани Туша.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти
Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли
Фото: abcnews.al