Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, кој избега од домашен притвор во Скопје, веројатно е веќе во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рамадани, поранешниот припадник на ОВК, избегал од куќниот притвор во Скопје
Извесен Несрет Шашивари на социјалните мрежи сподели фотографија со Рамадани, која наводно е направена вчера во Косово.
Во неговиот пост на Фејсбук пишува: „Чичко Блерим Рамадани, добре дојде дома, во нашиот роден град“.
Дека Рамадани е во Косово, засега нема потврда ниту од косовските, ниту од македонските власти.
Македонското Министерството за внатрешни работи најави дека за него ќе биде распишана централна потерница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР потврди дека избегал Рамадани, ќе се бара со потерница
Тој беше во куќен притвор во дом на негови роднини во Македонија.
Рамадани беше уапсен на граничниот премин Јажинце, на македонска страна, пред околу месец дена по потерница на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е судијата кој Рамадани го пушти во куќен притвор од каде избега
Бегството на Рамадани е скандалозно, оцени Дачиќ и бара објаснување од Македонија
Фото: Фејсбук/Рамадани