еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Синот на Мицкоски, Јован стана полнолетен

Синот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Јован стана полнолетен.

Информацијата на Фејсбук ја сподели Мицкоски кој му го честиташе 18. роденден.

-Секогаш сопственото дете во очите на својот родител е малото и наивно дете, но 18 години се доволно за да човек сфати дека годините си минуваат, а јас колку и да се трудам сепак заедничките моменти се прекратки за да бидат доволни.

Синко среќна 18ка, ти посакувам сам да се бориш низ животот и со знаење и труд да ги отвораш сите врати, да носиш правилни одлуки и никогаш да не се разочаруваш од неуспехот, тоа да ти биде мотив за борба и нов успех.

Среќно полнолетство Јован, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Фото: Мицкоски/Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако почувствувате некој од овие симптоми можно е да е Ковид-19 и јавете се на матичен лекар, препорачуваат од Министерство за здравство

Редакција

Намален бројот на ученици во основните и во средните училишта

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ ги стави на располагање своите ресурси во борбата против коронавирусот

Редакција