еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Фалсификат лични карти, возачки од Србија, Мексико, Бразил, Украина: Како изгледа лабораторијата на Косово, во која се фалсификувале документи за 51 земја

Косовската полиција откри софистицирана лабораторија за фалсификување на документи, за 51 земја од светот.

„Косовската полиција на 24 јануари запре возило во Приштина, во кое што пронајде празни документи од различни земји од светот. Возачот со иницијали Ф.К. е уапсен и осуден на 30 дена притвор.

По интензивните истраги откриена е куќа во Приштина која служела како софистицирана лабораторија за производство на фалсификувани документи, како пасоши, лични карти.

Во рацијата беа запленети релевантни докази, ласерски машини, печатачи, над 20.000 микрочипови и илјадници документи од 51 различни земји ширум светот,“ се вели во соопштението на косовската полиција.

Фото: Полиција на Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едни се вакцинираа, други протестираа: За два дена вакцинирани 990 деца

Редакција

Нови 433 случаи на Ковид-19 од 2.453 тестирања

Редакција

МВР демантира дека Вања Ѓорчевска е пронајдена и апелира да не се шират дезинформации

Редакција