Црвениот крст на Македонија отвори сметки за настраданите и последиците од пожарите и ги повикува сите заинтересирани правни субјекти и граѓани да донираат парична помош.
Еве како можете да помогнете.
Преку сметкатата на Фондот на солидарноста на Црвениот крст: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.
Преку донирање на 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228.
Црвениот крст отвори и СОС телефонски линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите, која ќе ја обезбедуваат оспособени волонтери на организацијата.
„Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните“, информираат од Црвен крст.
Телефонските броеви по реони:
Скопски регион 072/271-048.
Пелагониски регион 047/236-019.
Југозападен и полошки регион 072/239-051 и 072/239-077.
Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691.
Вардарски регион 043/231537.
Фото: ЦУК