еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чистачка во бугарскиот Конзулат во Битола имала пристап до архивата и интервјуирала кандидати за бугарско државјанство

Нов скандал со начинот на издавање на бугарски пасоши ја тресе Бугарија.

Овојпат хигиеничарка во Конзулатот на Бугарија во Битола, како што објавија бугарските медиуми, а потврди и вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Марија Габриел, имала пристап до архивот на Конзулатот.

Бугарскиот пратеник од проруската партија „Преродба“, Ангел Георгиев пак тврди и дека таа дури и интервјуирала кандидати за бугарско државјанство, а поради тоа многу барања биле одбиени.

Габриел го испитала тврдењето на Георгирев и нејзината контрола покажала застрашувачки прекршоци во Конзулатот, каде биле утврдени системски прекршувања.

– Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви, изјави Габриел.

Хигиеничарката повеќе немала пристап до архивата и до конзуларното претставништво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Никола Васев, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој поднесе оставка

Редакција

Поткуп од 1.500 денари за глас на изборите во Кочани

Редакција

Двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изолација, но во четврток ќе дојдат во Собранието за гласањето за доверба на Владата

Редакција