Клиничката болница во Штип доби нова медицинска опрема – лапараскопска и ендоскопска опрема, нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди и цисто-уретроскопски сет.
Новата лапараскопска и ендоскопска опрема во вредност од 11 милиони денари е набавена од Министерството за здравство.
Станува збор за апаратура што ќе ја користат специјалистите на хируршко, неврохируршко, ортопедско и уролошко одделение за минимално инвазивни процедури.
Ова ќе допринесе за помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, пократок престој во болница, побрз опоравок на пациентите, како и многу подобри резултати отколку отворените хируршки интервенции.
Набавен е и нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди за испитување на абдомен и тироида во вредност од 2.5 милиони денари.
Со пари од буџетот на Министерството е обезбеден и цисто-уретроскопски сет во вредност од 433 илјади денари.
Фото: МЗ