еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јас само спроведов предлог на вицепремиерот Битиќи, ќе се жалам: Зеќири за затворската казна

Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, кој денеска во Кривичниот суд беше осуден на затворска казна од две и пол години, изјави дека одлуката е неоснована и најави жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеќири осуден на казна затвор од две и пол години, треба да врати и 71 милион денари

-Ќе ја обжалиме одлуката, бидејќи во текот на целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, затоа што јас само сум спровел умисла на други, односно на Владата, кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави Зеќири.

Доколку одлуката стане правосилна, Зеќири во затвор ќе треба да помине 11 месеци во затвор, бидејќи во казната затвор му е пресметано и времето поминато во притвор во затвор и во куќен притвор.

Тој е обвинет дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Според последните измени на Кривичниот законик, за оваа дело е предвидено казна затвор од 1 до 5 години.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија не е веќе изземена од алатката за контрола на извоз на вакцини од ЕУ

Редакција

(ВИДЕО) 200 илјади знамиња, наместо луѓе за инагурацијата на Бајден

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на хидротехничка опрема вреден два милиони евра

Редакција