Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на вонредно Собрание на акционерите на дневен ред е предлог-одлука за отповикување на членовите на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото – претседателот на НО, Доне Таневски, како и на членовите Верица Хаџи Василева – Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски.
Нема информација кои се новите предлози за членови и претседател на Одборот.
Собранието е свикано од страна на најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје, како сопственик на повеќе од 10% акции со право на глас.
Во барањето за вонредно собрание е наведено дека истото се бара поради „значајни промени во акционерската структура на Друштвото настанати во текот на изминатите месеци и последователна потреба од испитување на довербата на постоечките членови на Надзорниот одбор“, а цел е „одлучување на акционерите за отповикување на сите членови на Надзорниот одбор на Друштвото и избор на нови членови на овој орган“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доне Таневски продаде нови акции на Македонијатурист, сега поседува само 3,81% од вкупниот број
Дали Доне Таневски се збогува со вработените во Македонијатурист?