Викендов истече рокот до кој акционерите на Стопанска банка АД Битола требаше да се изјаснат за понудата за откуп на сите акции на Банката со право на глас од страна на Комерцијална банка АД Скопје.
НАЈНОВА ВЕСТ: Нема спојување на Комерцијална и Стопанска банка Битола, понудата неуспешна
Засега нема информации дали понудата е успешна.
Комерцијална најави дека нова понуда нема да има, а за успешна истата ќе ја смета ако успее да купи 67% плус една од акциите на Стопанска банка Битола.
Кои се акционери во Стопанска банка Битола?
Официјално досега на јавноста и беше познат само еден акционер кој има над 5% од акциите во Стопанска банка Битола, бидејќи друштвата имаат законска обврска да споделуваат информации само за акционерите над 5%.
Тоа е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,9% од акциите.
Сега со понудата за преземање на Комерцијална е познато и кој друг има акции во Стопанска банка Битола и под 5%:
Меѓу акционерите е Орка холдинг АД Скопје, како и Скопски Пазар АД Скопје и Бест веј инвестмент ДООЕЛ Скопје.
За Пелистерка понудата на Комерцијална е несоодветна, за Управниот одбор на Стопанска банка Битола е добра
За понудата на Комерцијална од 3.200 денари по акција заедно се огласија од Пелистерка и поврзаното правно лице Тимох ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери, од каде рекоа дека за нив понудата е несоодветна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Пелистерка понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка Битола е несоодветна
За разлика од нив, Управниот одбор (УО) на Стопанска банка Битола во два наврати посочи дека за нив понудата е добра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Комерцијална пак по ставот на Пелистерка и Тимох посочија дека понудата нема да се менува, односно дека таа е прва, последна и единствена понуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола