Добрососедство

Македонските кувари ќе учат од турските

Готвачи од Македонија и Турција денеска заедно подготвуваат традиционални специјалитети за Вчерата на турска гатрономија што ќе се одржи вечер во Скопје, во рамки на проектот „Македонија домаќин на елитата на турската гастрономија и угостителство.

Прва средба на балканските комори: Потребно е железничко поврзување за поголеми можности на бизнисот

На 6 и 7 ноември 2015 година во Лерин, Република Грција, со поддршка на Унијата на индустриски и трговски комори на Грција, се одржа Првата средба на балканските комори. На официјалниот дел на настанот учествуваа претставници на коморите и бизнис-секторот од Балканот.

(ГАЛЕРИЈА) Ревија на олдтајмери од Македонија, Србија и Косово

На плоштадот во Автокоманда, во организација на општина Гази Баба и АКК Примо авј, се одржа третата ревија на олдтајмери.

Преку љубовната приказна на ќерката на Цар Самоил и кнез Владимир ќе се спојуваат Македонија, Албанија и Црна Гора

Градоначалниците на Ресен и Бар, Ѓоко Стрезовски и Зоран Срзентиќ, и заменик-градоначалникот на Елбасан Клевис Џоџи во Ресен потпишаа Меморандум за соработка. Македонскиот, црногорскиот и албанскиот град ќе соработуваат на полето на културно-историското наследство, но и економијата, трговијата и заштитата на животната средина.

 

Нова рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Грција и Македонија

Најновата рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Грција и Македонија, меѓу политичкиот директор во грчкото МНР Петрос Мавроидис и државниот секретар во македонското МНР Елена Кузмановска, се одржа во Атина на 30 октомври, соопшти денеска грчкото МНР.

Прашањето за името не треба да влијае во односите меѓу Македонија и Грција

Со Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција се обидуваме да надоместиме за многуте изгубени години кои требаше да ги потрошиме за изградба на правни и практични основи за билатералната соработка во сите области кои се од значење за нашите граѓани и бизниси, изјави македонскиот амбасадор во Грција Дарко Ангелов.

Според нашиот амбасадор во Грција, дипломатските односи со јужниот сосед во блага нагорна линија

Ќе се осмелам да кажам дека дипломатските односи меѓу Македонија и Грција се наоѓаат во една блага нагорна линија за која веќе имаме одредени поместувања, гледајќи од фактот дека во последниве неколку месеци имаме зголемена комуникација што не беше случај претходно, изјави македонскиот амбасадор во Грција Дарко Ангелов.

„Невозвратена љубов“: Дваесет години дипломатски односи Македонија - Грција

На 13 август 1995 година Македонија и Грција потпишаа Времена спогодба со која воспоставија дипломатски односи и презедоа одредени обврски, но не дојдоа до решение на проблемот што Грција го има со нашето уставно име.

Бугарија повеќе не го попречува слободното собирање на македонското малцинство

Комитетот на министрите на Советот на Европа, задолжен да го следи спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, на последниот состанок одлучи да ги затвори предметите Обединета Македонска Организација Илинден и Иванов бр.2 предмет бр.37586/04 и „Сингартијски и други“ предмет бр. 48284/07 против Бугарија

Македонија во „лов“ на странски инвестиции во Солун

Потенцијалот за инвестирање во слободните економски зони и билатерална соработка меѓу Грција и Македонија, беа во фокусот на настанот кој вчера бил организиран од страна на трговската и индустриската комора на Солун и Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Македонија.