еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

АВМУ го тужи Министерството за информатичко општество и администрација поради кратење на средства

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски денеска на прес-конференција информираше дека АВМУ поденела тужба против Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), бидејќи подолг временски период го прекршува Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Агенцијата и на другите корисници им префрла помалку средства од законски предвидените.

Како што појасни Трајчевски, со законските измени од јули лани, точно се утврдила висината на средствата кои се одвојуваат од државниот Буџет за финансирање на радиодифузната дејност – еден процент од реализираните даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот и се укина дискреционото право на Министерството овие проценти да не се реализираат доколку со тоа се нарушува праведната распределба на буџетските средства.

– Парадоксално е што предлагач на овој закон е токму МИОА, против кое сега поднесуваме тужба, рече тој.

Со непочитувањето на законот на македонските медиуми, организации и здруженија, ќе им се ускрати и правото на пристап до фондовите од програмата „Креативна Европа 2021 – 2027 година“ со вкупен буџет од 2,5 милијарди евра, од кои 51 процент се наменети за сегментот на медиуми, рече тој.

– АВМУ два пати се обрати до МИОА, укажувајќи му на неговите законски обврски, а се обративме и до претседателот на Собранието и до надлежните комисии. Со оглед на тоа дека се исцрпени сите останати можности, поднесовме тужба пред надлежниот суд, изјави Трајчевски, кој рече дека ваквата состојба не е само во последните месеци, туку трае неколку години, бидејќи МИОА и пред законските измени го користело дискреционото право овозможено во законот од 2018 година и префрлувало помалку средства.

– За последните шест месеци Агенцијата има добиено 4 милиони и 812 илјади денари помалку. Намалувањето е особено изразено овој месец, кога имаме добиено 1 милион и 126 илјади денари помалку, рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Флуид проект“ го доби тендерот на општина Аеродром за одржување фонтани вреден 97.000 евра

Редакција

Во Велес четворица новозаболени од коронавирусот, еден излекуван

Редакција

Зголемување од 23%: За една недела 4.463 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција