еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе преставка до Уставен, бара со времена мерка пасошите и возачките дозволи да важат и по 12. февруари

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска до Уставниот суд поднесе преставка со која бара со времена мерка пасошите и возачките дозволи да важат и по 12. февруари.

Како што информираа од партијата поднесени се претставки за проценка на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи (односно Член 3) и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Член 5).

Со овие претставки се бара Уставниот Суд да поведе постапка за оценување на уставноста на овие два члена. Дополнително во двете претставки се бара Уставниот суд да донесе Решение за времена мерка, односно согласно Деловникот на Уставниот суд, Судот да го запре извршувањето на оспорените членови на Законите, се’ до одлучувањето дали се тие уставни или не, информираа од партијата.

-Двата члена, односно во двата закони се наведува дека патните исправи, односно возачките дозволи и возачките книшки, „кои го содржат натписот Република Македонија издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година“.

Овие членови во двата закони се директно спротивни на Уставот, и тоа во членовите 8, 9, 11, 25 и членот 27 од Уставот.

Со прифаќање на предлогот за времена мерка до носење на конечна одлука, би престанало да важи 12. февруари како краен рок за важење на пасошите и возачките дозволи, наведено токму во оспорените членови, посочија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мизеријата за личните документи со „Северна“ во една снимка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Спектартермо“ го доби тендерот на ГА-МА за одржување и итни приклучоци на гасоводот вреден 2,1 милиони евра

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО Груевски уапсен на лет за Москва

Редакција

Стоматолошка комора: Пломбирање заб не е итнo во време на корона вирусот

Редакција