еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ако Украина ја нападне Русија со американски проектили, Москва тоа ќе го смета за напад од САД

Ако Украина ја нападне Русија со американски проектили, Москва тоа ќе го смета за напад од САД, стои во реакцијата на Кремељ, откако американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, и дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел на територија на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, се очекува ескалација на војната

„Русија и Владимир Путин јасно ги кажаа своите позиции. Оваа одлука на САД значи ново ниво на вклученост на Вашингтон во конфликтот. Јасно е дека администрацијата на Бајден сака да долее масло на огнот и да испровоцира ескалација на тензиите“, стои меѓудругото во реакцијата.

Рускиот претседател Путин на 12. септември изјави дека доколку и се дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел, тоа би значело директно вклучување на НАТО во војната во Украина.

Украина веќе располага со проектили со долг дострел, но досега ги користеше само за напади врз окупираните делови на земјата.

САД ѝ испорачаа проектили Армиски тактички ракетни системи (АТАЦМС) пред повеќе од една година, а Франција и Велика Британија донираа проектили „сторм шедоу“, но со ограничувања со нив да не се гаѓа руска територија.

Овие ракети имаат дострел од околу 300 километри и Украина со нив напаѓаше цели во Бердјанск и Луганск на истокот на земјата, како и на Крим, бидејќи малку држави го имаат признато анектираниот полуостров Крим за дел на Русија, па тој не потпаѓаше под западните ограничувања за употреба на проектилите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Неотел“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на телекомуникациски услуги вреден 200.000 евра

Редакција

Османи вели дека има две верзии за нападот на копретседателот на бугарскиот клуб “Шемето“

Редакција

Чифлиганец ја „забетонира„ својата позиција во сопственичката структура на Комерцијална банка

Редакција