еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Алармантен пораст на семејното насилство, жените жртви на партнерите и синовите

Во 2022 година се бележи алармантен пораст од 61% на примените пријави за семејно насилство во споредба со 2018 година, покажуваат анализите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), врз основа на официјални податоци од Министерството за внатрешни работи во врска со семејното насилство.

Податоците покажуваат колку пријави на семејно насилство има, колкав број од жртвите се жени, колку од ваквите случаи завршуваат во судовите, како и колку од нив завршуваат со казна затвор.

Во 2022 година е регистриран 61 случај на семејно насилство на 10.000 граѓани. Во 2018 година пак се регистрирани 55 случаи.

Од жртвите на семејно насилство приближно 80% се жени, 92% од сторителите на семејно насилство се мажи. Интимните партнери сегашни или поранешни, се 63% од сите сторители. Особено изненадувачки е тоа што втората најголема група на сторители се синовите, со 16%.

Во 2019 година само 24% од сите пријавени случаи на семејно насилство завршиле на суд. Сторителите биле казнети во само 15% од овие случаи, а само во 3% од случаите биле изречени казни затвор. До 2022 година процентот на сторители на семејно насилство на кои им била изречена казна затвор се намалил за само 1%.

Во препораките од анализата стои дека за справување со порастот на семејно насилство потребно е да се изготват ефективни превентивни програми, да се направат отворени, сигурни и унифицирани системи за родово расчленети податоци во клучните сектори, да се зајакнат механизмите за заштита на жртвите и да се зголеми бројот на услугите со цел да им се даде поддршка на жртвите, да се зајакне родовата одговорност во судството.

„Овие податоци треба да служат како поттик за превенција и борба против семејното насилство и сериозни заложби за спречување на семејното насилство како преку превентивни мерки така и преку ефикасни судски разрешници,“ велат од ДЗР.

Во анализата се истакнува и дека додека семејното насилство е во подем, а се казнуваат се помал број на сторители, јавната доверба во судскиот систем значително опаднала од 48% во 2020 година на 24% во 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 640 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција

(Фото) Двајца планинари од Скопје, спасени над село Вешала во близина на границата со Косово

Редакција

Ужас во селото Сенокос: 18-годишник ја силувал неговата полусестра и ѝ се заканувал да не кажува на родителите

Редакција