еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

АРЕА со два акустични концерти во Филхармонија, едниот е веќе распродаден

На 19 и 20. април ќе се одржат двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера.

Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки на Филхармонија.

Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија – две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, којшто се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо,“ вели Ружица МилошескаБрчиоска и додава дека со оглед на тоа дека Ареа постои 31 година и зад себе имаат седум албуми на сцената ќе има музика за сечиј вкус.

Дека двата најавени концерти ќе бидат поразлични потврдува и Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“, кој вели дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.

„Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање,“ вели Брчиоски.

Првиот концерт закажан за 19. април е одамна распродаден, додека за вториот, саботниот, се останати уште многу мал број билети и истите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“.

Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

46-годишен маж загина откако возилото му излетало од патот Кичево-Охрид

Редакција

По излевањето амонијак кај Пирот од превртен воз, 15 лица меѓу кои три деца се хоспитализирани

Редакција

(Видео) Даравелски излезе од затвор, снимен за првпат по 20 години

Редакција