еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Автомобил во Скопје влечеше врзан коњ, идентификуван е возачот, ќе одговара за мачење на животни

Автомобил вчера во Скопје влечеше врзан коњ.

Видеото кое се споделуваше на социјалните мрежи предизвика лавина од негативни реакции во јавноста.

Денеска од Министерството за внатрешни работи информираа дека возачот на возилото „голф“ со скопски регистарски таблички е идентификуван.

Тој ќе одговара за кривично дело „мачење на животни“.

Со него е извршен службен разговор во полицијата, а за инцидентот е информирано и Основното јавно обвинителство Скопје.

Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени петмина болни од Ковид-19

Редакција

Заев не оди во Белград, Вучиќ во дилема дали да се одржи најавената средба за „Отворен Балкан“

Редакција

За новогодишната ноќ суво и ветровито, снег од среда

Редакција