еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Одложен стартот на судењето за Максим Димитриевски поради нови докази

Судењето за градоначалникот на Куманово и претседателски кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски кое требаше да започне денеска е одложено за 30. април, бидејќи кумановското Јавно обвинителство изменило дел од обвинителниот предлог и доставило нови докази, а неговата одбрана побара време за разгледување на истите.

Димитриевски е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според обвинението тој како градоначалник на Куманово не ја извршувал својата службена должност и не го потпишал решението за градба и пресметката за надомест за уредување на градежно земјиште, и со тоа ги оштетил фирмите „УПМ груп“ и „Хромак-Емил“ од Куманово.

Димитриевски и денеска изјави дека обвинението е монтирано со цел да му се наруши угледот и да се дискредитира пред изборите.

„Нити сум спречил, ниту имам намера да спречам спротивно на закон некој да гради згради, висококатници, но кога се работи за интерес на училишта или здравствен објект, тоа е јавен интерес и јас сум должен да го штитам. Оваа фарса е во контекст на изборите.

Во континуитет се случуваат вакви нарачки од носители на високи политички функции на власта, или во конкретниот случај луѓе од високи позиции на СДСМ кои ги злоупотребуваат институциите на системот“, рече меѓудругото Димитриевски денеска пред Основниот суд Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пред избори обвинение за Максим Димитриевски, тој обвини дека власта мотира случај против него

Каков имот пријавил Максим Димитриевски, кандидат за претседател на државата на ЗНАМ

Кој е Максим Димитриевски, кандидат за претседател на Македонија на ЗНАМ

Фото/видео: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска наместо протест, блокади низ Македонија, еве кои патишта ќе бидат блокирани

Редакција

Реализирани само 52% од активностите за реформа на јавната администрација, утврди Државна ревизија

Редакција

Ако бројките на заразени со Ковид-19 не се намалат, Филипче најави продолжување на полицискиот час и скратено работно време на кафеаните

Редакција