На 78-годишна возраст вчера почина Атина Апостолова, доајенката на македонската народна музика.
Ќе ја паметиме по бројните хитови, меѓу кои “Запејте мераклии“, “Цела вечер ќе ти пејам“, “Верувај ми“, “Усни румени“, “Те видов и се заљубив“, “Иле Илија“…
Апостолова е родена на 20. мај во 1946 година во Скопје.
Таа беше дипломиран економист.
Соработуваше со Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и со Милан Завков.
Во својата долгогодишна кариера испеа и неколку дуети, меѓу кои и со Ванчо Тарабунов („Верувај ми“) и со Ефто Пупиновски („Скопските боеми„).
Во 2023 година на Фестивалот „Тумба Фест” во Куманово ја доби наградата за животно дело.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.