еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои македонски компании освен “Сајтрокс“, се под санкции на САД или се на „црната листа„

Освен што е ставена на „црната листа“ на САД, македонската компанија „Сајтрокс“, сега е и на листата за санкции на американското Министерство за финансии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската компанија „Сајтрокс“ под санкции на САД

На истата поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор„ е со грчката компанија „Интелекса С. А“, ирските компании „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ и унгарската „Сајтрокс Холдинг“, како и Тал Џонатан Дилијан – основач на конзорциумот „Интелекса“ (во чии склоп се компаниите) и Сара Александра Фајсал Хаму – специјалист за корпоративен офшоринг, која обезебедувала менаџерски услуги за конзорциумот „Интелекса“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која е санкционирана од САД

Кои други фирми од Македонија се на „црнатата листа“ и под санкции на САД

Во ноермври лани на „црната листа“ на САД беа ставени и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина Самсоненко, како и мајката на македонскиот бизнисмен, Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, кој веќе беше на листата.

На листата завршија и фирми поврзани со нив.

Станува збор за “Систина лајф креар“, каде Ирина Самсоненко се води како сопственик, “Бет сити“ каде сопственици се Сергеј Самсоненко и Камчев, “Орка холдинг“, кој е поврзана со Камчев, како и фирмите на Ратка Камчева, “Орка фајнанс“ и “Камчев консалтинг“.

И фирмата на Груевски на „црната листа„

На црната листа на САД во 2022 година заврши и компанијата на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, која тој ја отвори во Унгарија, каде по бегството доби политички азил.

Станува збор за компанијата I.C.I.C. LTD, која што е отворена во 2021 година.

И самиот Груевски е на „црната листа“, а во образложението на Владата на САД се наведува дека се одлучила на ваков чекор како одговор на неговата вмешаност во значителна корупција. Според САД, неговите постапки го поткопале владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја нарушиле довербата на јавноста во Владата.

Забрана за патување во САД освен за Груевски, има и за неговото семејство.

Груевски е обвинет во повеќе предмети отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство, а за некои веќе му е изречена затворска казна.

Груевски побегна во Унгарија во ноември 2018 година.

Со што се занимава компанијата

Компанијата на Груевски е регистрирана на 14. јули 2021 година, на адреса на куќа во малото гратче Пецел, кое се наоѓа на околу 20 километри од Будимпешта.

Главниот фокус на компанијата се деловни консултации, но исто така е лиценцирана и за трговија на големо со порцелан, стакларија и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалоци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавноста и комуникација.

За регистрацијата на компанијата Груевски платил 8.350 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканската црна листа за лица од Македонија ќе се проширува

Кој сè освен Самсоненко и Камчева е на црната листа на САД за Македонија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Редакција

Македонските и бугарските историчари не ги надминаа разликите за учебниците по историја

Редакција

Буџетот за 2024 година, 5,5 милијарди евра, потежок за 3,4% од овогодинешниов

Редакција