Човечкиот труп кој беше пронајден при градежни работи на мега паркот „Иднина“ во Штип е на 86-годишниот Славе Димитриевски, кој се водеше за исчезнат од 15. август минатата година, потврди штипската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Човечки труп пронајден на местото каде се гради мега паркот „Иднина“ во Штип
Неговото тело, кое е во фаза на распаѓање, е дадено на обдукција.
Не биле констатирани видливи траги на насилство на телото, а е пронајдено со негови лични предмети.
Семејството го потврдило неговиот идентитет.
Видео: ТВ Стар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.