еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Пуштена железничката пруга од Куманово до Бељаковце, еве како изгледа

Денеска беше пуштена во употреба железничката пруга од Куманово до Бељаковце, источната делница на Коридорот 8, која е првата фаза од железницата кон Бугарија.

Истата е со должина од 30,8 километри, се градеше 28 години и чини над 78 милиони евра.

На неа се изградени три нови железнички станици – Ново Куманово, реконструирана е постоечката железничка станица Куманово, има шест стојалишта, пет мостови, еден тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 милиони евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеии лед осветлување.

Фото/Видео: Влада/Министерство за транспорт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОНК денеска на нови преговори со Владата за платите

Редакција

(Видео) Скопјани се обидоа да направат „човечка елка“ за Гинис

Редакција

Зголемено кредитирањето на компаниите и на граѓаните во декември

Редакција