еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) „Системот е следен“: Илјадници граѓани на протестен марш во Скопје за трагедијата во Кочани

Илјадници граѓани вечерва беа дел од протесниот марш во Скопје за трагедијата во Кочани, во која животот во т.н. дискотека го загубија 59, а беа повредени 203 лица.

Маршот започна со молк на плоштадот „Македонија“, а потоа продолжи пред македонското Собрание и Владата.

Граѓани палеа и свеќи на плоштадот.

Учесниците на протестот со аплауз ги поздравија лекарите, кога поминаа покрај Градската болница.

На протест повика граѓанското движење „Кој е следен?“, а граѓаните побараа транспарентна истрага, системски промени, правда и одговорност за трагедијата.

Денеска протестен марш имаше и во Тетово.

Фото/видео: Игор Бансколиев/Радио Моф

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најдобрите 50. натпревари на единствениот Коби Брајант

Редакција

Во сообраќајка тешко повредено дете од Тетово

Редакција

Од 1. јули секое домаќинство и фирма ќе може да постави фотоволтаик и да ја продава произведената струја

Редакција