еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Јапонски тапани грмеа во Македонската филхармонија, публиката во транс

Јапонската група „Вадаико саи“, која ја сочинуваат млади музичари, кои свират на јапонските таико тапани, синоќа во Македонската филхармонија во Скопје ја крена публиката на нозе, која беше воодушевена од нивниот енергичен настап.

Освен што свиреа прекрасно, одлично комуницираа и со публиката на која и подарија и нивна верзија на македонската химна „Денес над Македонија“.

Групата со настапи започнала во 2013 година, а досега настапила во над 30 земји и имала над 2.000 настапи.

Настанот беше организиран од Амбасадата на Јапонија, во рамки на обележувањето на 30 години од пријателството на Македонија и Јапонија.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот на Мијалков, Давидовиќ незадоволен од пресудата за „Плацови на Водно“, ќе ја обжали

Редакција

Македонската кошарка загуби големо име: Почина Марјан Лазовски како последица од компликации со Ковид-19

Редакција

(Фото) Таблата на „Цар Борис Трети“ целосно искршена, од бугарскиот клуб објавија фотографии

Редакција