еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска променливо облачно со слаб локален дожд, магла во одделни котлини

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и магливо. Околу пладне ќе има услови за слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, и утре (четврток) ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет.

Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува во сабота попладне и во недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Што ќе ни се ружи кога немаме за леб“, порачаа на протесниот марш за 8. Март во Скопје

Редакција

Амди Бајрам ги заобиколи ковид-мерките во државата: Направи свадба на внуката на брод на Босфорот со 600 гости

Редакција

(Галерија) Се отвори „Родителска куќа“: Топол дом за родителите од внатрешноста чии деца се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение

Редакција