еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните кои се сликале во МРТВ или Пролет, за готови пасоши ќе добијат СМС пораки

Министерството за внатрешни работи информира дека со цел да се олесни процесот за подигање на готови пасоши, од понеделник (19.02.2024 година) граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС порака откако ќе им биде изготвен пасошот за да дојдат да го подигнат.

Исто така, граѓаните ќе можат на интернет страната mvr.gov.mk да извршат проверка дали нивниот пасош е изготвен.

„Ги молиме граѓаните доколку немаат добиено СМС порака или доколку на интернет страната на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов.

Сето ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет.

Граѓаните кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигаат на ист начин како и до сега,“ се вели во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската компанија Panteleon GS започна да работи со нов американски клиент, кој е во потрага по генерален директор со познавање на транспортната индустрија

Редакција

Без паника, не очекуваме повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина, вели Мехмедовиќ

Редакција

Можност за сигурна заработка: На берзата почнува тргување со државни обврзници вредни 881 милиони евра

Редакција