еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Граѓаните на Скопје ќе се возат во нови автобуси, ЕУ ќе донира шест електрични на ЈСП

Делегацијата на Европската Унија во Македонија на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ќе му донира шест електрични автобуси..

„Засилениот возен парк на ЈСП е исто така во согласност со Зелениот договор на ЕУ и стандардите за квалитет на воздухот низ Европската унија, кои имаат за цел да го сведат загадувањето на нула до 2050 година и да помогнат во спречување на предвремени смртни случаи поради загадениот воздух.

Секој автобус е со капацитет од 98 патници (69 стоење + 29 седишта), вклучувајќи и за лицата со попреченост, со што дополнително се подобрува нивниот пристап до основните услуги и се обезбедуваат можности за пристапен јавен превоз и безбедна урбана мобилност,“ велат од Делегацијата на ЕУ..

Премиерот Христијан Мицкоски исто така најави набавка на 120 електрични автобуси, од кои, 80 би биле наменети за Скопје, а другите за во останатите градови каде што има јавен превоз.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кои производи се опфатени со домашната платежна картичка

Редакција

Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна за сама да и се спротистави на Русија, оцени финската премиерка Марин

Редакција

18 нови случаи на Ковид-19 од 684 тестови

Редакција