еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дали и тоа што не отворивме ни едно поглавје со ЕУ е отстапување од Договорот од Преспа, прашува претседателката Силјановска Давкова

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, вчера за првпат јавно пред новинарите одговораше на прашања во врска со тоа што не го употребува уставното име на државата, кое произлезе од Договорот од Преспа, кој Македонија го склучи со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитувам, изјави Силјановска Давкова

Таа рече дека ќе го почитува Договорот, но и праша дали и тоа што не отворивме ни едно поглавје со Европската Унија (ЕУ) е отстапување од Договорот од Преспа.

– Понекогаш и слушам некакви предупредуваа и закани, но јас вака велам – дека точно е дека во меѓународното право важи начелото дека треба да се почитуваат договорите, но еве мислам секогаш кога бараме од другиот да стори нешто, логично е во една вин – вин логика да се запрашаме што сторивме ние.

Јас мислам дека сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале. Се уште има Скопје, Skopia, дури го има и акронимот на повеќе места, да не зборувам за меморандумите.

Еве кога веќе ме прашавте само да кажам дека за мене најважниот мемораднум (кој треба да го ратификува Грција, н.з.) е оној за помошта при евроинтеграциите. Значи затоа очекувам со пример да се стори нешто и еве да укажам на уште нешто што исто така не се истакнува.

Имено, ние ги сменивме и документите за внатрешна употреба, меѓутоа токму во однос на овие постапки, таму има во Преспанскиот договор, се вика, дека ќе почне примената, односно ќе треба да го оствариме ова пет години по неговото стапување во сила, ама пишува и по отворањето на првото поглавје.

Јас имам прашање за себе, за Грција и за сите други дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така превид, не велам прекршување. Дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор, праша Силјановска Давкова.

Како Договорот од Преспа е поврзан со европската перспектива на Македонија

Еве што пишува во членот 1 од Договорот, од чие потпишување поминаа шест години.

а) „Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа спогодба.

б) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

Целиот Договор ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Венецот на спомен-плочата на Св.Кирил во Рим без името на државата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прво законски измени за изгледот на личните документи, потоа издавање со новото име

Редакција

Ахмети се знаел со Фејзи Азири, обвинет во „Монструм“, Османи го посетил семејството на заштитениот сведок Хаки Азири

Редакција

Нови вработувања во ФЗОМ, плата до 31.341 денари

Редакција