Помина повеќе од еден месец откако поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, е недостапен за органите прогон и не се знае каде е.
Денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека Основното јавно обвинителство водело постапка за тоа дали неговото бегство е организирано и дали имало други вмешани.
Тој информираше дека веднаш по неговото бегството била отворена внатрешна истрага во Одделот за внатрешна контрола во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР), по што до Обвинителството бил доставен материјален доказ за да се утврди дали станува збор за организирано бегство или само за пропуст на полицискиот службеник на Граничниот премин Блаце.
За него како што е познато има кривична пријава и е суспензиран.
Груби е во бегство од 15. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?
Бизнисменот Папранику го однел Груби во Тирана?
Фото: Груби/Фејсбук