еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Двајца во притвор, еден во затвор, еден во бегство за пукањето во Чаир

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14. октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази.

Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукањето во Чаир е нова пресметка на криминалните групи „Барон“ и “Грчец“, објави Телма

Двајца се затвореници: Уапсени четири лица за пукањето во Чаир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на трите млади момчиња во Италија

Редакција

Едно лице позитивно на коронавирусот: Тестирани 225 вработени во градинки во Скопје и Битола

Редакција

(Галерија) Струмица новогодишно накитена

Редакција