Проф. Сузана Езпосито, директорка на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија, дојде во Штип по покана на семејството на Симон Крстев, кој е еден од 203. повредени во пожарот во Кочани, а се лекуваше таму.
Крстев, како што информираше на Фејсбук, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, бил испратен во Италија, два дена по трагедијата.
Таму бил примен со „хемиска пневмонија“ и со изгореници од втор степен, а на Клиниката добил сеопфатен третман. Во Македонија се вратил на 1. април.
-Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе проф. Сузана Езпосито во Штип, напиша меѓудругото Клековски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На дел од повредените во пожарот во Кочани ќе им требаат и до две години да заздрават
На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице
На шест повредени во пожарот во Кочани им е трансплантирана кожа
Фото: Клековски/Фејбук