еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државна ревизија констатира низа неправилности и системски слабости во работата на Основниот суд во Гостивар

Низа нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Основниот суд Гостивар што ја направи Државниот завод за ревизија.

– Констатирано е отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8% од БДП на Буџетот на Република Северна Македонија, односно одобрените средства претставуваат 0,3% од БДП, во модулот за пресметка на плата на судската полиција зголемувањето на платата не е вклучено во основната компонента врз основа на која се врши пресметка на минат труд, а надоместоците за прекувремена и ноќна работа иако не треба, влегуваат во основицата за пресметка на додатокот за работно искуство, стои во извештајот.

Државна ревизија констатирала и различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, што, смета, предизвикува дилеми и неможност за постапување, како и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити и има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.

Констатирано е отсуство на документација со која ќе се потврди правото на сопственост или користење на недвижниот имот – објектот во кој е сместен судот, пописот не e спроведен согласно законската регулатива, дека поставен е систем за електронската евиденција на работно време и на прекувремената работа, но, истиот поради неисправност не се користи, како и дека не е склучен договор помеѓу институциите за процентуалното учество во трошоците од заедничкото користење на зградата.

– Активности за вршење на попис на судските депозити не се преземени, не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени/незавршени, со цел преземање на понатамошни мерки за истите, невоспоставена евиденција за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети и неизвршен попис на истите, не е извршен надзор над севкупното материјално и финансиско работење на судот, со средствата за депозитите и депозит за гориво за службено возило е предвиден во ценовник на судот, но без наведен законскиот основ за истиот, се вели во извештајот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника „Жан Митрев“: Земање примероци за анализа за корона вирусот единствено со претходно закажување

Редакција

Проф. Трајковски: Толку високо зголемување на дневните бројки не сме виделе уште од ланското попуштање на мерките по Рамазан бајрам и Св. Кирил и Методиј

Редакција

Дизелот поскапува за два денари, цената на другите горива останува иста

Редакција