еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ем ги удрил со кола, ем ја натепал жената која завршила со скршеници и потрес на мозок

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти за случај на грубо насилство, во кое осомничено 65-годишно лице предизвикало сообраќајна несреќа, а потоа насилно ја турнало повредената во своето возило, по што ја извадил и ја тепал со клоци и со тупаници.

Настанот се случил на 27. декември 2023 година, додека оштетените, мајка и син, со своето возило се движеле по булеварот „Јане Сандански“ во Скопје кон својот дом. Осомничениот ги удрил со неговиот автомобил, непрописно поминувајќи преку пешачки премин на црвено. Синот, кој управувал со возилото, тргнал по осомничениот и на следната крстосница излегол да го праша зошто ги удрил. Осомничениот тогаш излегол од автомобилот со нож во раката и почнал да му се заканува.

Исплашен, синот се вратил во возилото во кое била и неговата мајка, но осомничениот повторно влегол во неговиот автомобил и тргнал во рикверц, со што повторно го удрил возилото на оштетените. Расправијата продолжила, а кога од автомобилот излегла мајката, осомничениот ја фатил и насилно ја турнал во неговиот автомобил и започнал да вози во правец кон Лисиче.

По околу 600 метри застанал, ја извадил жената од колата и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци и тупаници и заканувајќи ѝ се дека ќе ја фрли во Вардар. Жената претрпела тешки телесни повреди – три скршеници и потрес на мозок.

Обвинителството соопшти дека постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Насилство како и Предизвикување општа опасност. Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори кривичните дела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка

Редакција

(Видео) Иван излезе од болница, бил лекуван од тешка дехидрација

Редакција

За полесно да работите во Германија со новиот закон, дознајте што подразбираат под стручно лице

Редакција