еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жената која падна од тераса на 8. март во Охрид била турната, кривична за двајца за обид за убиство и помагање

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, како и против Е.М. (21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

-На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О. (39) од Скопје од терасата.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актерката Силивија Стојановска осудена на 3,5 години затвор за учество во меѓународен шверц на кокаин

Редакција

Блага Петреска: Безимен Македонец уште не е виден, така било, така и ќе биде

Редакција

(Фото) Скопјани принудени да се прекачуваат преку лошо паркирани автомобили

Редакција