еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Заемот од 500 милиони евра од Унгарија помина на владина седница

Заемот од 500 милиони евра од Унгарија поминал на владина седница, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Станува збор за законско решение, со кое се овозможува заемот, а наскоро истото ќе се најде и пред пратениците во Собрание.

Откако ќе помине во Собранието, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во Унгарија ќе треба да го поштпише договорот.

Кредитот како што е познато е со 3,25 проценти каматна стапка со три години грејс период, а треба да се врати на 24 полугодишни рати, кои ќе се плаќаат секој февруари и секој август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија која и позајми на Македонија 500 милиони, се задолжила кај Кина за 1 милијарда евра

Од Унгарија ќе позајмуваме уште пари

Милијардата од Унгарија за Македонија се преполови

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепски „Тутунски комбинат“ оствари загуба од 66,2 милиони денари

Редакција

Како работеше Макпетрол во првиот квартал

Редакција

Убава вест: Последен ден од кампањата за нов претседател на државата, од полноќ изборен молк

Редакција