еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Заради скапи материјали, скратени кардиоваскуларните операции за пациенти на приватните клиники, одлучи Фондот

На последниот работен ден од годинава, Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗО) донел одлука за кратење на средствата за покривање на операции на кардиоваскуларните заболување за приватните болници, пишува МКД.мк.

Во образложението на оваа одлука пишува дека кардиоваскуларните заболувања се најчестите заболувања во Македонија, а за нивен третман се трошат огромни средства.

Од Фондот велат дека голем дел од овие операции можат да се изведуваат во државната Клиника за кардиохирургија, па најголемиот дел од парите за кои ФЗО ги покрива трошоците ќе одат на сметката на јавната здравствена установа Универзитетската клиника за државна кардиохирургија и кардиологија.

Намален е бројот на покриени операции за приватните здравствени уставнови, клиничките болници Систина – Аџибадем и Жан Митрев.

Во одлуката пишува дека за овие операции се користат скапи материјали за вградување (стентови, валвули…), како и скап потрошен материјал за извршување на интервенциите (катетери, водичи на жици…). Па, затоа неопходно било да се дефинира максималниот број на овие процедури и здравствени установи каде што ќе може да се изведуваат процедурите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 591 случаи на Ковид-19 од 1.683 тестирања

Редакција

Борче Стаменов поправа и донира компјутери: Државата со малку пари може да ги обезбеди тие 3.000 семејства кои немаат

Редакција

Работник го убил својот работодавец во Тетовско

Редакција