Стопанска банка АД Битола нема да се спои со Комерцијална банка АД Скопје. Недоволен број акционери на Стопанска банка Битола одлучиле да ги продадат своите акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема спојување на Комерцијална и Стопанска банка Битола, понудата неуспешна
Од Комерцијална, која сакаше да ги купи сите обични акции со право на глас соопштија дека нејзината понуда за преземање била прифатена од 149 акционери, кои поседуваат вкупно 176.154 акции, односно 45,0548% од сите акции од Стопанска банка Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола
За да понудата биде успешна потребно беше да може да купи 261.956 акции, што претставува 67% плус 1 акција од вкупниот број на акции на Стопанска банка Битола.
Комерцијална како што најави претходно нема да даде нова понуда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се акционери во Стопанска банка Битола?
Официјално досега на јавноста и беше познат само еден акционер кој има над 5% од акциите во Стопанска банка Битола, бидејќи друштвата имаат законска обврска да споделуваат информации само за акционерите над 5%.
Тоа е Пелистерка АД Скопје, која поседува 16,9% од акциите.
Сега со понудата за преземање на Комерцијална е познато и кој друг има акции во Стопанска банка Битола и под 5%:
Меѓу акционерите е Орка холдинг АД Скопје, како и Скопски Пазар АД Скопје и Бест веј инвестмент ДООЕЛ Скопје.
Кој беше за, а кој против понудата
За понудата на Комерцијална од 3.200 денари по акција заедно се огласија од Пелистерка и поврзаното правно лице Тимох ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери, од каде рекоа дека за нив понудата е несоодветна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Пелистерка понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка Битола е несоодветна
За разлика од нив, Управниот одбор (УО) на Стопанска банка Битола во два наврати посочи дека за нив понудата е добра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ