еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Иванчо Тошевски нов директор на Националниот парк „Пелистер“

Иванчо Тошевски е нов в. д. директор на Националниот парк „Пелистер“ во Битола.

Тошевски, кој и е познат на јавноста како страсен планинар, над 22 години работел во Фабриката за опрема и делови во Новаци.

Тој е и претседател на Велосипедската федерација на Македонија.

Бил активен и во политика. Беше координатор на Општинскиот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од Битола, а во периодот од 2017 до 2021 година беше и советник од редовите на партијата во Општинскиот совет на Битола.

Фото: Фејсбук/Тошевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за половина денар

Редакција

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.085

Редакција

Доктор Лазаров: Сега е вистинскиот момент за правење на мала залиха на маски

Редакција