Дваесет и девет годишниот Марко Давчев од Струмица кој неговиот татко го пријавил за исчезнат на 9. декември, заминал во Бугарија, каде живеела неговата мајка, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Нема информација дали е кај нејзе.
-Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д. (29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д. (64), ве известуваме дека од страна на СВР Струмица веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање.
Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село.
Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за исчезнатиот Марко Давчев од Струмица од МВР
Младиот Марко Давчев од Струмица исчезнат една недела, семејството моли за помош