еМагазин
Image default
Локално

(ФОТО) Нивото на водата на Преспанско Езеро е намалено за повеќе од три метри

Податоците за нивото на водата на Преспанското Езеро се добиваат и се анализираат од хидролошката станица во Стење, како и мониторинг-станицата во истото место.

Денес нивото на водата во Преспанско Езеро е намалено за околу 313 см.

Драстичното намалување на нивото на водата ги мобилизира властите да преземат мерки од нивна надлежност, соочувајќи се и со, како што велат, „виша сила“ или климатските промени, кои имаат големо влијание врз водите на езерото.

Општина Ресен алармира за наглото повлекување на водата од езерото и побара владина поддршка.

– Преспанско Езеро е прогласено за споменик на природата и ние како задолжени за чување, грижа и одржување навремено со соработниците презедовме мерки за заштита на езерото и ја информиравме Владата.

Не сме осамени во мерките за заштита на Преспанско Езеро, напротив, на мое барање и предложен заклучок, добив целосна поддршка за преземање итни мерки за заштита на езерото, изјави градоначаникот на Ресен, Живко Гошаревски.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе формира работна група со стручни лица, кои во најкус рок ќе извршат увид на состојбата со водостојот на езерото и причините за повлекување со конкретни мерки за решавање на проблемот.

МИА/Фото: Фејсбук/Сара Божиновска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Споменикот на природата стана бара: Ќе го вметне ли некој во изборната програма Преспанското езеро?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја тепал пред кафана во Лисиче

Редакција

Бизарен случај во Скопје: Дедо нападнал старица бидејќи не сакала да ја продолжи врската

Редакција

Го пронашле со убодна рана на улица во Скопје

Редакција